Голужа сменет од кормилото на ППД Загреб

Екипата на ППД Загреб ја продолжи традицијата да менува тренери и стигна до бројката од 15 тренери сменети во последните девет години!
Тоа зборува повеќе од секоја анализа за состојбата во која се наоѓа најтрофејниот хрватски клуб, единствениот во машкиот ракомет во Европа што никогаш не загубил шампионска титула. 

Годинава, по само 10 месеци сменет е Славко Голужа кому ова е трет излет на клупата на ППД Загреб во кариерата, па со тоа и добри знае(ше) што го чека. 
Промената дојде по поразот од Кил во ЛШ, меч на кој Загреб по само 10 минути беше во недостижен минус, иако смената според хрватските медиуми беше спакувана уште претходно, а Кил беше само прекинувачот за гасење на светлото.

Голужа замина, ако погледнеме низ историјата во последните 10 години ќе го наследи некој од балканските простори, а интересно е што веќе Славко Голужа се споменува во интересни шпекулации за не толку далечна иднина. 
Погодувате, веќе кружи информација дека следната дестинација би можела да биде Битола. 


2014-16: Веселин Вујовиќ
2016: Aндрија Николиќ (в.д)
2016-17: Силвио Ивандија
2017: Славко Голужа (в.д)
2017: Касим Каменица
2017-18: Златко Сарачевиќ
2018: Лино Червар
2019: Бранко Тамше
2019-20: Веселин Вујовиќ
2020: Игор Вори
2020-21: Владо Шола
2021-22: Ивица Обрван
2022: Tончи Валчиќ/Денис Шпољариќ (в.д)
2022-23: Славко Голужа
2023: Андрија Николиќ (в.д)
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk