Шампионот пак со бело знаме

ВАРДАР 1961 - Е. ПЕЛИСТЕР 30-25 (15-12)
Томовски 13 одб, Срдановиќ 6, Лазаревски 6 - Борзаш 6, Кузманоски 5

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер уште еднаш е совладан од најголемиот ривал, Вардар.
По поразот во Суперкупот, сега битолчани загубија и во првенството и тоа на многу сличен начин, дури и полошо. 

Одново функционираше сѐ како што треба во редовите на Вардар уште од почетокот на натпреварот во кој поведе со 6-1. 
Потоа релативно лесно, без многу фаули и жар и страст натпреврот си одеше минута по минута. Вардар водеше  со три-четири, а кога битолчани ќе се заканеа на сцена стапуваа играчот број еден на натпреварот, голманот Мартин Томовски, потоа стандардната вардарова постава - Јашухира, Лазаревски...

И во вториот дел слично, Вардар контролираше сѐ на теренот. Битолчани успеаја да намалат на минус два во неколку наврати, но немаше реално шанса да го изненади Вардар.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk