Падна рекордот: Македонија ќе отвори пред +50.000 во Дизелдорф

Германците и ЕХФ тријат раце. Организаторот потврди дека со новиот пакет на билети пуштени во проджба, замислената цифра од 50.000 гледачи на првиот ден на Европското првенство во јануари е пробиена. 

Повеќе од 50.000 гледачи се очекуваат на првиот ден на Европското првенство што се игра на стадионот Меркур Арена. Билетите се веќе продадени, стадионот ќе биде полн. Која ќе биде точната бројка, ќе се знае веројатно на денот на натпреварот. Иако се продадени над 50.000 билети, арената не е комплетно распродадена, но билети во продажба во моментов нема. 
Први на теренот, пак, таму ќе бидат репрезентациите на Македонија и Франција. По нив, на терен ќе истрчаат Германија и Швајцарија. 

Досегашниот рекорд на ракометен натпревар е 44.189 гледачи на натпреварот меѓу РНЛ и Хамбург во 2014 година, а пред тоа во 2004 година Кил и Лемго играа пред 30.925 гледачи во Гелзенкирхен. 

Рекордот на ЕП е 20.022 на отворањето на ЕП 2022 во Будимпешта. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk