Прва тренерска жртва во ЛШ - ГОГ го отпушти тренерот

По само два месеца минати на клупата на данскиот шампион ГОГ, клубот реши да се раздели со тренерот Јан Марко Фог. 
Еден трофеј во Суперкуп, победа, пораз и реми на стартот на домашниот шампионат и едвај извлечена победа на домашен терен над Целје во првото коло од ЛШ и сите во клубот видоа дека тој не е вистинското решение. 

Данските медиуми не се едногласни околу тоа дали ова е исправниот потег. Марко Фог седна на жешко столче, таму каде што Никлас Крицкау успешно работеше со години. Но, ГОГ ги продаде Питлик, Јоргенсен на излезна е и Мадсен итн... Доведе засилувњата според свој буџет и вкус, а Јан Марко Фог воопшто и не им беше првиот избор, туку за него се решија откако не успеаја да се договорат со низа тренери. 
Затоа логично е колата да се прекрши врз неговиот грб и додека уште има време да ги преправат работите по свое. 
Асистентот Микел Вогт привремено ја презема диригентската палка во клубот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk