Алкалоид претставен во Европската лига

Алкалоид за прв пат се најде на страницата на Европската ракометна федерација, како дел од екипите што сезонава ќе се натпреваруваат во групната фаза од Европската лига. 

Македонскиот проект, кој за примарна цел има зацртано преку модерен тренажен процес да донесе развој на македонски играчи и на тој начин да создаде база на репрезентативци од кои во иднина корист ќе има националниот тим, во само две години успеа од прволигаш да стигне со вицешампионска позиција. 



Сега е на ред третиот чекор, а тоа е настап на тимот на официјално ЕХФ натпреврување. ЕЛ за Алкалоид почнува во втората половина на октомври, а гости во Скопје ќе бидат екипите на Војводина, Бјерингбро-Силкеборг и Логроњо Ла Риоха. 

„Наша цел е секој натпревар да го почнеме со позитивни мисли и победнички менталитет, затоа што ја претставуваме и Македонија во Европа. Ќе се обидеме да се претставиме како тим што се бори до последен момент и никогаш не се предава“, изјави тренерот Кирил Лазаров во интервјуто што можете да го прочитате со клик овде: Интервју Кирил Лазаров

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk