Македонската Суперлига продолжува утре со три натпревари што ќе бидат увертира за богатата неделна понуда во која е и најголемото дерби во македонското првенство - дуелот меѓу Вардар и Е. Пелистер, натпревар што овој пат ќе се игра во Скопје, во салата „Јане Сандански“.
Таа средба ќе се игра со почеток од 19:45 часот, а нешто порано, од 18:30 часот во Охрид ќе се игра исто така големо дерби, во кое се среќаваат екипите на Охрид и Алкалоид, двата на хартија најголеми конкунренти за првото место во групата „А“ сезонава.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ - КОЛО 2
16.09.2023 - САБОТА
15:00 часот РК АЕРОДРОМ - ГРК ТИКВЕШ 2014
17:00 часот РК СТРУГА - МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО - РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
17.09.2023 - НЕДЕЛА
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 - РК СКОПЈЕ 2020
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 - РК ПРИЛЕП
18:30 часот ГРК ОХРИД - РК АЛКАЛОИД
19:45 часот РК ВАРДАР 1961 - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
22.09.2023 - ПЕТОК
18:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - РК МУЛТИ ЕСЕНС