Пресврт на Порто, Митревски одмораше

Екипата на Порто, единствениот тим во ЛШ покрај Е. Пелистер каде што има Македонец во тимот, успеа во првото коло по голема битка и пресврт да стигне со првите бодови. 
Гостин во „Драгао“ беше екипата на Висла Плоцк, засилениот полски вицешампион кој водеше речиси 50 минути, на моменти главно со два до три гола разлика.
Порто успеа да изведе една серија со која од 14-17 премина во водство од 19-17 и потоа ја задржа разликата до крајот.
Последниот шут при 24-23 беше за Миха Зарабец од Висла, но новото засилување не успеа да се прослави на дебито за новиот клуб во Лигата на шампионите. 

Македонскиот голман Никола Митревски одмораше на овој натпревар, а шансата да собира искуство ја доби младиот Диого Рема кој вкупно запиша 10 одбрани. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk