Грчевски е нов в.д селектор на Македонија

Селекторот на кадетската репрезентација, Кристијан Грчевски, денеска е наименуван и за селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. 
РФМ информираше дека Грчевски со функција на вршител на должност е назначен за кормилар на женскиот сениорски состав за време на следниот квалификациски циклус.  

Почитувани,
Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) Селектор на женската сениорска репрезентација, а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талевска.
Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД) , за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Women’s EHF EURO 2024 .

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk