Ц. Звезда по пехарот од Лигата на шампионите!

Повратниот во најсилната српска лига, екипата на ЖРК Црвена Звезда одржа прес конференција на која го најави новиот проект и амбициите на клубот.
Црвена Звезда го освои турнирот „Ѓорче Куп 2023“ одржан во Скопје и велат дека тоа е првиот чекор. Нивната амбиција е годинава да ја освојат српската лига, а догодина, верувале или не - Лигата на шампионите! 

Нивни тренер е поранешниот селектор на Србија, Саша Бошковиќ, играчкиот кадар им е солиден за домашниот шампионат, а каков ќе биде нивниот пат кон пехарот од Лигата на шампионите ќе видиме.
Доколку имаат буџет достен за таков подвиг, сѐ е можно. 
За почеток имаат „мал“ административен проблем, а тоа е дека Србија нема место во Лигата на шампионите. Но, веројатно сѐ добро искалкулирано и пресметано на патот на европскиот шампион во создавање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk