Кил и ПСЖ тргнаа со победи во ЛШ

Кил релативно лесно го совлада ППД Загреб, а ПСЖ со малку подраматична завршница славеше на гостински терен кај ПИК Сегед. 

Загрепчаните немаа квалитет и сили да се носат со Кил кој одработе рутински натпревар и на крајот, победи со 30-23, а нешто што не се случува лесто е тоа што Патрик Винцек со осум гола беше најефикасниот на мечот.
Дибиров постигна четири, по три гола дадоа Чупиќ и Куни Моралес за загрепскиот состав. 

ПСЖ гостуваше во Сегед и водеше во текот на целиот меч, во вториот дел и со пет гола разлика. Но, во самиот финиш, Сегед се доближи на минус еден во два наврата, но не успеа да израмни, а ПСЖ на крајот славеше победа од 31-29.
Камил Шипжак со седум гола беше прв стрелец кај Французите, а Марио Шоштариќ со девет гола најефикасен на натпреварот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk