Со 12 странски и четири македонски ракометари во составот битолски Е. Пелистер вечерва ќе истрча на терен против екипата на Колстад, која пак во своите редови има само еден странски играч, исландското крило Сигвалди Гудјонсен.
Тренерското дуо Јовиќ - Шундовски за премиерата во ЛШ, нема да смета на браќата Петар и Павле Атанасијевиќ. Марко Кизиќ и Емилијан Ѓорговски.
Македонските играчи што ќе ги гледаме на премиерата во ЛШ се Цветан Кузманоски, Жарко Пешевски, Марио Танкоски и Ненад Костески.
Од друга страна во норвешкиот состав нема да го видиме Магнус Албелвик Род, но во тимот се Торборн Бергеруд, Сандер Сагосен, Јоран Јоханесен, Магнус Гилеруд, Сигвалди Гудјонсен и Ветле Ек Ага. Тоа е поставата што му е потребна на Кристијан Берге за остварување на највисоките постевени цели на клубот.