Аеродром дебитираше со победа

Новиот суперлигаш, екипата на Аеродром од Скопје дебитираше во најсилната конкуренција со слатка победа на гостински терен над екипата на Куманово (34-32). 

Интересен, израмнет и борбен натпревар се играше во Куманово, во кој репер нека биде дека домашните имаа 16, а гостите 18 минути играч помалку во поле. Своевидно дерби беше ова во кое домашниот состав не успеа да ја оправда улогата на фаворит и иако водеше во најголемиот дел од натпреварот, во финишот, кога се прекршуваше резултатот гостинскиот состав беше поснаодлив. 

Со мали исклучоци, кумановците водеа и го диктираа резултатот до 23-22, потоа контролата ја преземаа гостите и тие имаа гол предност, а домашните израмнуваа.
Последен пат нерешено беше 30-30, а следуваа три гола по ред на Аеродром со што победникот беше решен. 

Виктор Трифуновски и Наум Костов со по осум гола беа најефикасните играчи во РК Аеродром, додека во домашниот тим Влатко Тасевски и Јован Даневски постигнаа по седум погодоци. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk