Експресна замена за Јагањац во РНЛ

Екипата на РНЛ, тимот што неодамна го елиминираше Вардар од Европската лига, многу брзо реагираше на повредата на хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац и доведе нов играч во своите редови.

Андреас Холст Јенсен, 202 см/100 кг, лев бек на Монпеље потпиша за РНЛ и ќе биде на располагање веднаш, а договорот му е важечки до 31 декември годинава. 
Јенсен е дански ракометар кој играше за ГОГ, Алборг а оттаму се пресели во Монпеље. 

 

Поврзани вести