Се разделија Драган Ѓукиќ и Израел

Поранешниот селектор на Македонија, тренер на Вардар и генерално еден од најдобрите тренери и свестрани ракометни работници на овие простори, Драган Ѓукиќ официјално веќе не е селектор на машката репрезентација на Израел. 

Драган Ѓукиќ беше доведен во Израел каде и претходно има работено со една од целите да направи смена на генерации или трансформација на репрезентацијата и тоа го изведе со промена на дури 14 ракометари. Израел има добар потенцијал, а сега кога добар дел на играчите им се во Европа, шансите за да се пласираат на големо натпреварување значително им се зголемени. 

Прекинот на соработката дојде откако се подвлече „завршната“ сметка и Израелците пресметаа 650.000 евра дефицит во буџетот, па сега бараат и најдоа решение за машката репрезентација, а наскоро и женската ќе добие нов кормилар. 
Нов селектор на Израел е домашниот стратег Саар Френкел. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk