Бенфика на Талески поразена на дербито на стартот

Екипата на Бенфика за која сезонава настапува и македонскиот интернационалец и репрезентативец Филип Талески е поразена во првото коло од португалскиот шампионат. 
Бенфика играше градско дерби на гостински терен со екипата на Спортинг и без поголеми резултатски возбудувања беше поразена со 26-32 (12-15).
Филип Талески на стартот на првенството во својот нов тим почнува како играч од клупата и на овој натпревар во комплетната негова статистика не е запишано ништо. 

Што се однесува до индивидуалните остварувања на натпреварот, доминираа браќата кои неофицијално, на пазарот вредат околу 1.000.000 евра. Вкупно 23 од 32 гола за Спортинг постигнаа браќата Кошта. Мартим Кошта постигна 15 гола од 20 обиди, а Кико Кошта беше стрелец на осум гола од 13 обиди. Само еден од овие голови беше од пенал. 
Најефикасен во редовите на Бенфика беше Петар Ѓорѓиќ со осум гола од 14 обиди, од кои 6/6 беа од пенал. 

Екипата на Порто, каде што брани нашиот голман Никола Митревски вечерва во последниот меч од првото коло, ќе игра како гостин со тимот на Беленесес. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk