Пет играчи на Келце се „аут“

Лигата на шампионите само што не почнала, а Талант Душебеаев веќе има пет играчи вон строј. Белјата поголема, уште во првото коло играат со Алборг, па со Колстад, па со ПСЖ, натпревари на кои овие отсуства можат да имаат голем ефект. 

Беноа Конку, крилниот играч кој од ПСЖ дојде во Келце е петтиот член на болничкиот список. Се се работи за повреда на ребро, здобиена на натпревар од шампионатот на Полска. 
Не се знае колку долго Французинот ќе биде надвор од теренот. 

Другите четири ракометари се голманот Андреас Волф кој ќе паузира шест недели, потоа египетскиот бек Хасан Кадах кој има повреда на стапалото, потоа исландскиот ас Хаукур Трастарсон кој ќе паузира долго и полскиот играч Павел Пачковски кому исто како кај Трастарсон, настрадаа лигаментите на коленото. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk