Јагањац повторно опериран

Поранешниот ракометар на Металург, Нексе, а сега на РНЛ, Халил Јагањац мораше одново да оди на операција на рамето поради кое минатата сезона паузираше околу шест месеци, објави Рајн Некар Ловен.

Хрватскиот бек не се рехабилитираше како што треба по операцијата, иако почна да игра, а беше дел и од тимот на РНЛ што минатата недела го елиминираше македнскиот претставник Вардар 1961 од Европската лига. 
Јагањац трпел болки цело време, напаѓачки од тие причини никако и не проработе, па почна да се претвора во (одличен) дефанзивец. 
Повторената операција е мала хируршка интервенција со која е отстрането проблематично ткиво и Јагањац надвор од теренот ќе мине неколку недели по што проблемот со рамето комплетни би требало да биде решен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk