Битола прва добива ракометен ВАР

Во годинешната Лига на шампиони, ЕХФ воведува некои новини што клубовите ќе мораат да ги испочитуваат и имплементираат за време на натпреварите.
Еден таков новитет е воведувањето на ВАР технологијата на ракометен натпревар. Со оглед на тоа дека во Битола ќе се игра Лигата на шампионите, тие ќе бидат првите што ќе го пробијат мразот во Македонија и потоа ќе споделат искуство по другите клубови, кои засега не се задолжени да користат ваква видео технологија.

Елетронското копче за тајм аут, познатата печурка која потсетува на уред за лансирање на нуклеарни проектили, ќе биде задолжително и во Лигата на шампионите и во Европската лига, па ќе го гледаме и во Битола и во „Јане Сандански“. 

Што се однесува до Битола, доаѓањето на ЛШ по 18 години беше добра причина во салата „Боро Чурлевски“ да се преземат посериозни зафати кои според информациите што ги добиваме од таму се при крај. 
Битолчани денеска-утре ќе го видат новиот семафор, се афалтира паркингот, се вршат последните поправки и шминкање на ВИП просторијата, новинарскиот дел итн. Пристигнати се рекламните материјали за брендирање на салата и духот на ЛШ наскоро ќе заживее во градот на конзулите. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk