Францускиот гигант Пари Сен Жермен е во преговори за ангажман на Дани Бајенс, холандскиот лев бек/плејмејкер кој настапува за екипата на Хамбург од Германија.
Веста не е шпекулација, играчот за германските медиуми потврди дека преговараат, но дека ништо не е потпишано, засега.
Ако се реализира овој трансфер, а веруваме дека наскоро ќе биде официјалзиран, репрезентацијата на Холандија ќе има двајца плејмејкери во ПСЖ, тоа се Лук Стеинс и Дени Бајенс. Третата нивна голема ѕвезда, Каи Смитс играше за актуелниот европски шампион Магдебург, a четвртата, голманот Барт Равенсберген потпиша за Гепинген.
Овој трансфер е потврда за реалниот квалитет на репрезентацијата на Холандија. Истата таа поради која македонските репрезентативци злонамерно беа изложени на критики затоа што не ја победиле на СП.
Можеби не е наодмет да направиме и една паралела. Дани Бајенс постигна седум, Каи Смитс 10, а Лук Стеинс беше стрелец на четири гола на мундијалот во Полска, на дуелот со Македонија.
Поврзани вести