Кој (ќе) смее да води екипа од клупата?

На годишното Собрание на клубовите во РФМ, одржано во саботата во Скопје, свое излагање имаше и претседателот на Задружението на тренерите, Гино Стрезовски.
Тој им обрна внимание на клубовите околу промените, односно надградбата во тренерската фела и критериумите што ги поствува ЕХФ, а на кои треба да се прилагоди и РФМ. 

Од сезоната 2024/25 задолжително на клупата на секоја суперлигашка екипа ќе мора да има тренер со валидна лиценца од трета категорија. Екипите од младинските конкуренции ќе можат да ги водат и тренери со втора категорија. 
Ова е преодна фаза од една година во која екипата реално ќе може да ја води и тренер со пониска категорија, условено во стручниот штаб да има и тренер со трета категорија. Вакви случаи имаме почесто, а тренерите ќе имаат рок од уште една сезона да се надоградат. 

Во сезоната 2025/26, пак, единствениот што ќе смее да стои покрај терен и да ја води екипата ќе мора да има тренерска лиценца од трета категорија. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk