Митревски втор голман во Португалија, Порто во финале на Суперкуп Иберика

Македонскиот голман Никола Митревски со освоени 35,06 проценти од гласовите е вториот најдобар голман според гласањето спроведено од ракометната федерација на Португалија. Првото место го освои Сергеј Хернандез кој веќе замина од екипата на Бенфика. Третото место е за Лео Масиел од Спортинг.

Македонскиот голман ќе игра во финалето на вториот Суперкуп Иберика (Ф4 турнир на најдобрите екипи од Шпанија и Португалија).
Денеска екипата на Порто го совлада идниот ривал на Алкалоид, Логроњо Ла Риоха со резултат 32-26 и во финалето ќе се сретне со екипата на Барса која, пак, беше поуспешна од тимот на Спортинг. 

Ова е само втор турнир што заеднички го организираат федерациите на Шпанија и Португалија, а бранител на пехарот е шпанската Барса. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk