Е. Пелистер поразен од Војводина

ВОЈВОДИНА - Е. ПЕЛИСТЕР   33-27 (15-14)

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер заврши на четвртото место на Ф4 турнирот на СЕХА што се одржа во Скарија, Турција. 
Денеска македонскиот тим беше поразен од екипата на Војводина, српскиот првак што ќе го видиме и во првото коло на ЕХФ Европската лига во Скопје, на дуел со Алкалоид. 

Денешната средба на битолскиот состав беше слична за вчерашната со Веспрем, со тоа што српската екипа мораше да вложи повеќе напор за да стигне до овој резултат за разлика од унгарскиот, но севкупно не може да се избегне генералниот впечаток на помалку ревијален натпревар без вистински одбрани и битка за секоја топка. 

Тоа не е алиби или оправдување, Пелистер генерално потрфли, а Војводина покажа со каков арсенал располага и му даде материјал на Кирил Лазаров кој со Алкалоид по еден месец со нив ќе се сретнат во Скопје. 

Резултатски немаше никаква драма, затоа што Војводина постојано водеше со четири плус гола разлика и во ниту еден момент нивната победа не беше доведена во прашање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk