Одложена променета на системот на натпреварување во Суперлигата

Системот на натпреварување во машката Суперлига од сезоната 2024/25 можеби ќе биде поинаков од актуелниот, но треба дополнително време да се одлучи каков систем е најдобриот одлучија клубовите на денешното Собрание на Ракометната федерација на Македонија. 

Сегашната Суперлига која има 16 клубови, а иницијативата беше да биде поделена на две Суперлиги „А“ и „Б“. Двете требаше да имаа имаат по осум екипи што ќе играат меѓусебе по двапати на домашен и двапати на гостински терен.
Суперлига „А“ ќе ги дава учесниците во Европа. Од Суперлига „Б“ ќе се мигрира во понизок ранг, а соодветно и во повисоко рангираната Суперлига „А“.
Од АМС беше нагласено дека  во ваков случај тие ќе ги третираат како Прва и Втора лига и согласно така ќе бидат доделувани ваучерите. 

Управниот одбор доби мандат од Собранието уште еднаш го разгледа предлогот и до крајот на календарската година да состави нов ако биде потребно што ќе биде поддржан и ќе биде оценето дека ќе донесе поголем бенефит за ракометот.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk