Денеска се одржа годишното Собрание на РФМ на кое учестуваа 47 од вкупно 57 делегати. Од точките на дневниот ред го издвојуваме резимето на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
„Од мај 2022 година до септември 2023 година Управниот одбор на РФМ донесе вкупно 47 одлуки важни за развојот на ракометниот спорт. Во овој период успешно се сервисирани сите национални категории во машка и во женска конкуренција.
Машката сениорска репреентација во јануари учествуваше на СП 2023, каде за жал не успеа да се пласира во следната фаза на мундијалот. Успешно беа минати групните натпревари и се пласиравме за претстојното ЕП 2024, каде ќе бидеме дел од најсилната група А со селекциите на Германија, Франција и Швајцарија“, изјави Мукаетов на Собранието на РФМ.
Претседателот на Ракометната Федерација е горд на беспрекорната организација на Европското првенство на кое Македонија беше ко-организатор Горди сме од начинот на организацијата на ЕП во ракомет за жени, на кој се покажавме како беспрекорни домаќини.
„Горди сме што имавме состав кој достојно се бореше за секоја топка и што успешно се носевеме со сите организациски предизвици како домаќини на сениорското Европско првенство“, резимираше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
„Резултатот беше реален со оглед на фактот дека по долго време се вративме назад на европската сцена, а останавме горди што ја имавме најмладата селекција на овој шампионат. За неуспех го сметам непласманот на претстојното светско првенство за жени, ако се знае дека бевме носители во ждрепката против Украина, но не успеавме да го минеме овој ривал“, истакна Мукаетов.
„Посебно сме горди и на машката кадетска репрезентација која го освои 9 место на Светското првенство. Очекуваме од оваа генерација мошне брзо играчи да тропнат на вратата на сениорската репрезентација. Нашите судии Начевски и Николов судеа финале на СП, а одлично се покажаа и сите други меѓународни судии и делегати.“, издвојуваме од резимето на работата на Ракометната федерација на Македонија.