Е. Пелистер „рамноправен“, но Веспрем оди во финале

Е. ПЕЛИСТЕР - ВЕСПРЕМ  28-35 (14-17)

Веспрем го совлада Еурофарм Пелистер во полуфиналето на СЕХА турнирот што се игра во Сакарија, Турција и ќе се бори за пехарот против екипата на Мешков Брест.
Е. Пелистер, пак, во меч за третото место, ќе се сретне со екипата на Војводина. 

Дуелот меѓу македонскиот и унгарскиот шампионат на почетокот беше прилично релаксиран, без многу дуели, а екипите преку воиграните шаблони и акции релативно лесно постигнуваа голови.
Гол за гол, водеше Веспрем, водеше и Е. Пелистер, а по 7-7, Момир Илиќ се реши за тајм аут. 
Не се промени битно рамнотежата, но Веспрем почна да диктира резултат и на полувреме замина со три гола предност (17-14).

Во вториот дел, во воведните минути видно подобар беше Веспрем и стигна до водство од шест гола разлика (24-18), но се вратија битолчани во игра. Намалија на 20-24, а потоа и на 23-25 во 45 минута. 
Тоа одново го разбуди Веспрем и во следните пет минути си ја вратија разликата од шест гола (30-24) по што клупата на Е. Пелистер реагираше со тајм аут.
Во финишот се играше рутински, Веспрем ја одржа разликата без потешкотии и стигна до финалето. 

Нејц Цехте одигра добар меч и постигна осум гола. Пет гола постигна Цветан Кузманоски, по четири гола постигнаа Жарко Пешевски и Ненад Костески, три гола даде Богдан Радивојевиќ...
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk