Македонски судии со беџ на ЕХФ „Млади Судии“

Младите македонски судии Марко Огњановски и Дамјан Савиќ влегоа во проектот „ЕХФ Млади Судии“ што е препорака и чекор кон добивање на статус меѓународни судии. Тие летово судеа на Европското отворено првенство што се одржа во Гетеборг, Шведска, а сега ги добија и оцените за нивната арбитража.

ЕХФ Комисијата што заседаваше минатата недела, реши да ја прифати апликацијата на македонските судии и им одобри меѓународен беџ „YR for the Future“ (Млади судии за иднина). 

ЕХФ сугерира критичката анализа на резултатите од нивниот настап на Европското отворено првенство 2023 да бидат проследени до Судиската комисија односно до релевантните органи во Ракометната федерација на Македонија.
Евалуацијата на нивниот перформанс на посочениот проект (ЕОП 2023) треба конкретно да послужи како доказ за нивниот напредок. 
По ова, тие понатаму треба да отидат на следното ниво, а тоа е преки РФМ да добијат кандидатски статус за Меѓународни ЕХФ судии од Македонија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk