Денеска, Е. Пелистер против Веспрем

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, заедно со екипите на Веспрем, Војводина и Мешков Брест ќе бидат дел од „Турнир на пријателство“ што денеска и утре ќе се одржи во турскиот град на Црно Море, Сакарија. 

Овој турнир е неформален Фајнафор на неодиграната или недоиграната СЕХА-Лига која во моментов функционира само во својата источна верзија, додека јужната е привремено стопирана. 

Во полуфиналето на турнирот ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер и Веспрем, дуел што е закажан да почне во 18:00 часот. 
Другиот полуфинален пар го сочинуваат екипите на Војводина и Мешков Брест, а таа средба ќе се игра со почеток од 15:00 часот. 

Натпреварот за трето место и финалето ќе се играат утре во истите термини. 

Засега не е потврден ТВ пренос или видео стрим, но доколку има таква можност, ќе информираме.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk