Пролблем за Келце: Волф го пропушта стартот на ЛШ

Екипата на Келце се најде во проблем откако лекарските прегледи покажаа дека нивниот прв и единствен голман во топ класа, Андреас Волф, поради проблеми со грбот ќе мора да паузира околу шест недели. 
Тоа значи дека Волф на терен во најдобар случај би се вратил на средината на октомври и нема да биде дел од тимот што ќе ги игра првите натпревари од групната фаза на ЛШ.
Проблем плус за Келце е што и новодојдениот голман Сандро Мештриќ мораше на операција на грбот и ќе отсуствува подолг период.

Келце сега за настапите во ЛШ на располагање ги има Милош Валах кој има 21 година и Никодем Блажејевск, кој пак има само 19 години. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk