Германија остана без еден лев бек за ЕП

Менаџерот на бундеслигашкиот тим Фуксе Берлин, Боб Ханинг, потврди за германските медиуми дека нивниот ракометар Пол Друкс нема да биде спремен за настап на Европското првенство во јануари 2024. Шампионат на кој Германија како домаќин, ќе игра и против репрезентацијата на Македонија. 

Пол Друкс (28), лев и централен бек е играч кој целата своја кариера ја одработува во Берлин се повреди на крајот на април на дуел од Европската лига со шведскиот тим Кристијанштат. Настрада неговата Ахилова тетива и оттогаш е во процес на рехабилитација. Тој има 10 годишна репрезентативна кариера во која има околу 130 настапи за репрезентацијата на Германија. 

Во отсуство на корпулентниот Друкс кој важи и за добар шутер, Германија на левата бековска позиција како прва опција би требало да го има Јулијан Костер ракометар кој во 2019 година како кадет настапи на Светското првенство што се одржа во Македонија. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk