Е. Пелистер и Вардар на дуел во Струмица

Ракометната федерација на Македонија, денеска објави дека домаќин на шестиот Супер Куп ќе биде Струмица, а натпреварот ќе се игра во спортската сала „Парк“. 
Почетокот на натпреварот е закажан за 18:00 часот, а директен пренос ќе има на МТВ. 

Радовиш и Гевгелија беа другите два неутрални града кандидати за домаќин на премиерниот натпревар од новата сезона, но Струмица има нешто подобри услови во својата сала и струмичани ќе можат на дело да ги видат двата лански освојувачи на пехари. 

2017 година Вардар – Еурофарм Пелистер 30-25 (СЦ Јане Сандански, Скопје)
2018 година Вардар – Металург 33-24 (Отворено игралиште Горан Попоски Бабец, Струга)
2019 година Вардар – Металург 26-24 (Спортска сала Куманово, Куманово)
2021 година Еурофарм Пелистер – Вардар 31-22 (СЦ Борис Трајковски, Скопје)
2022 година Еурофарм Пелистер - Вардар  23-22 (Билјанини извори, Охрид)
2023 година: Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 (Сала „Парк“ во Струмица)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk