Еурофарм Пелистер денеска го објави составот за претстојната сезона во кој играчите се подредени според позициите.
Битолскиот состав ќе брои 12 странски играчи, а меѓу нив го нема Вилсон Дејвис (34), португалскиот плејмејкер кој минатата сезона дојде во Битола од францускиот шампионат.
Вилсон Дејвис има активен договор со Е. Пелистер, беше на подготовките на Маврово, но не и на турнирите во Добој и Охрид, а не е со екипата ниту на патувањето во Турција каде што утре ќе играат со на СЕХФ Ф4 Турнирот за пријателство.
Неофицијално, Е. Пелистер бара решение за него. Дали ќе биде тоа раскин на договорот, позајмица или комплетна продажба, веруваме наскоро ќе биде објавено од клубот.
Во денеска објавениот тимски ростер го нема Дејан Манасков. Неговиот трансфер уште не комплетиран, очекуваме и за него некоја веста да биде објавена наскоро од клубот.
Што се однесува до споменатиот Ф4 во Турција, Јовиќ и Шундовски нема да можат да сметаат на Данецот Каспер Кисум кој остана во Битола, превентивно, на поштеда.
Новото засилување, Богдан Радивојевиќ е со екипата и ќе дебитира на мечот со Веспрем.