Барате ВАР? Ќе добиете „дебела“ казна!

Новиот ВАР систем во ракометната Бундеслига е топ тема по првото коло одиграно во најсилниот светски шампионат. 
Проблеми имаше, ВАР не функционираше во Флензбург каде имаше потреба од него, на друг натпревар ВАР „досуди“ два црвени картона во рамки на една минута итн. 

Видео-анализата во Германија се спроведува со три, пет или седум камери, а во ВАР собата седат главно поранешни судии кои се подобро технички обучени. 

Критиките главно се однесуваат на тоа што проверката на и носење судиска одлука по видео анализа, одзема многу време. 

ВАР бараат судиите. Нема ограничувања колку пати во тек на натпревар можат да бараат помош од видео. Има 11 дефинирани моменти за кои важи видео анализата. 
Германците расчистија со една работа. Ред мора да има. За да се спречи сите да се прават паметни воведен е и одбранбен механизам. 
Само судиите смеат да бараат ВАР. Ако тренерите или кој било од клупата за резерви или пак од играчите што се на терен, со гестикулација или вербално протестираат и бараат ВАР, тогаш се соочуваат со сериозни казни. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk