ГОГ пак го преслуша Алборг

Со доаѓањето на Никлас Ландин, Симон Халд и особено враќањето на терен на Микел Хансен од една страна, наспроти заминувањата на Симон Питлик, Лукас Јоргенсен и тренерот Никлас Крицкау од друга страна се очекуваше Алборг да направи клучен исчекор во односот на силите со актуелниот шампион ГОГ.
Но...
На првото одмерување на силите, не блеснаа новите имиња на Алборг, туку новите имиња на ГОГ. Крилото Александер Блонц и бекот Арон Менсинг комбинирано постигнаа 17 гола од вкупно 34 за екипата на ГОГ која со псресврт (од 20-24 до 33-30) во последната четврина од мечот стигна до победа од 34-32 и го освои пехарот ос Супер Куп натпреварувањето во Данска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk