Алкалоид со победа се враќа дома

РК АЛКАЛОИД СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА

РК ДОБОВА - РК АЛКАЛОИД  24:33 (12:14)
Сала: „Добова“ во Добова, Словенија
РК ДОБОВА: Гродник, Герјович 1, Фабек, Благојевиќ, Ромж 2, Житковиќ, Масловак, Рамтах, Младкович 5, Пекенлак 1, Кожович, Тајник 1, Абрамовиќ 9, Вершовник 2, Јовановиќ 3
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски 1, Галевски 1, Џонов, Маркоски 2, Стојков 1, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојчевиќ, Стојковиќ 4, М. Митев 2, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Кофилоски 1, Петковски 1, Бинго 5, Савревски 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин. 

Екипата на РК Алкалоид, македонскиот вицепрвак, го комплетираше своето гостување во Хрватска и Словенија со четврти натпревар во мини турнејата. 
Последниот меч на РК Алаклоид беше во Словенија каде што играше со екипата на РК Добова. Македонскиот тим запиша победа на овој натпревар од 33-24.

Претходно, Алкалоид играше со екипите на Сесвете, ППД Загреб и со Нексе. Тимот по овој меч се враќа назад во Македонија каде што ќе продолжи да се подготвува за настапот во Суперлигата и натпреварите од групната фаза на ЕХФ Европската лига што ќе почнат да се играат во октомври.

Мартин Серафимов со девет гола и Арно Бинго со пет беа најефикасните играчи на РК Алкалоид вечерва. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk