Манасков (нај)блиску до Е. Пелистер

Сезоната почна или е многу влиску до почеток во речиси сите европски (ракометни) држави, а тоа го раздвижи и прашањето за иднината на еден од најдобрите македонски ракометари во моментов, левото крило Дејан Манасков. 

Поранешниот ракометар на Металург, РНЛ, Вецлар и Веспрем, летово се раздели со Вардар, каде што играше во два наврата, а како што стојат работите, наскоро би можел да заигра и во трет голем македонски клуб. 

Веројатно имало повеќе опции и понуди, но во моментов Еурофарм Пелистер е најблиску до договор со Дејан Манасков за следната сезона. Неофицијално, првичен контакт имало, расположение за соработка има од двете страни, останува да видиме дали ќе има и реализација. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk