Питлик „батали“ ракомет, погледнете што ќе работи

Данскиот тренер Јан Питлик е еден од заштитните знаци на скандинавскиот ракомет и на ракометот воопшто. Освојувач е на две златни олимписки медали и еден златен од Европско првенство. Во кариерата има водено 10 екипи меѓу кои е и македонскиот ЖРК Вардар. Беше селектор на Данска во два наврата, тренер на ГОГ во два наврата, а последниот ракометен предизвик го имаше како селектор на С. Арабија со која подготовките ги одработе во Скопје. 
Јан Питлик е татко на една од најголемите европски ѕвезди во моментов, Симон Питлик кој летово направи мега трансфер од ГОГ во Флензбург. 

Јан Питлик, „батали“ ракомет. 

„Убаво е кога победуваш, но сакам да се обидам во уште нешто пред да остарам“, изјави Питлик откако беше обелоденето со што ќе се занимава во иднина. 

Новата работа на Јан Питлик нема допирни точки со ракомет. Тој ќе работи во кадрово (Human Resources) и ќе биде тренер на вработените во отсекот (HR) и мотиватор во компанијата S. Guldfeldt Nielsens чија примарна дејност е столарија и претприемништво и има над 300 вработени. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk