Уште еден Данец ќе се лечи од стрес

По Микел Хансен кој минатата сезона реши привремено да се повлече од играњето ракомет за да може да се лекува според симптомите, од стрес, уште еден дански ракометар, исто така (нов) член на екипата на Алборг, пред почетокот на сезоната се договори со клубот за истиот третман.

Станува збор за младо момче, еден од најголемите дански таленти - Томас Арнолдсен. Го гледавме  на дуелите со Е. Пелистер во Европската лига додека беше дел од екипата на Скандерборг. Тој беше дел и од јуниорската репрезентација на Данска на летошното Светско првенство. 

Томас Арнолдсен, побарал од клубот да му овозможи пауза на неодредено време за да може да се лекува, според симптомите, од стрес. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk