Т. Пролет се поднови со пет таленти од Мулти Есенс

Екипата на Тинекс Пролет ја продолжи праксата да ангажира млади македонски ракометари. Денеска скопскиот тим објави дека потпишале договор со пет млади ракометари кои минатата сезона настапуваа за екипата на Мулти Есенс од Скопје. 

Од редовите на Мулти Есенс, во редовите на Тинекс Пролет преминаа следниве пет играчи: 

Давид Младеновски, 18-годишен лев бек
Стефан Велков - 17-годишен среден бек
Дамјан Димитриевски - 18-годишно лево крило
Андреј Ниновски - 18-годишно десно крило
Алек Алексовски - 19-годишен лев бек.

Оваа петорка во продолжението на својата кариера ќе работи под водство на тренерот Лембанов кој се докажа како тренер кој дава шанса на помладите ракометари да играат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk