Мулти Есенс и Е. Пелистер 2 борбено до реми

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - МУЛТИ ЕСЕНС  34-34 (16-14)
Сала: „Р.Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Огненов
Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Марковски 3, Талески 3, Ристевски 1, Митревски, Мирчевски, Младенов, Димитровски, Трпчевски 6, Калајџиески 4, Ивановски 7, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хаџиќ
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.
МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 6, Костовски 4, Илиески 5, Петковски, Петрески 1, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Тодески, Узунчев, Димовски 6, Јорданов 9, Карасманакис 3
Седмерци: 4/4 Исклучивања: 6 мин. 

Екипите на Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2, одиграа убав натпревар за гледање во кој беше демонстрирана брза игра и имаше многу голови. 
Поискусниот и со пар странци засилен битолски состав го диктираше резултатот на овој натпревар, но упорниот Мулти Есенс постојано притискаше и не му дозволуваше на противникот да се одлепи на побезбедна дистанца. 
Во првиот дел, на почетокот Мулти Есенс имаше гол предност, кон средината на полувремето битолчани ја преземаа контролата и имаа го до два разлика (9-7, 11-9) и се така до крајот на полувремето 16-14. 

Во вториот дел битолчани имаа од гол до три гола предност, во еден момент поведоа и со четири 29-25, но по ова следеше серија од 6-1 за скопскиот состав и водство од 31-30.
Битолчани одново се вратија во плус, но последниот напад беше за Мулти Есенс и погодија за 34-34. На Е. Пелистер му останаа само пест секунди во кои не успеаја да направат чиста ситуација за шут.