Видео анализа - капут!

Новиот видео систем за анализа на спорни ситуации на терен не функционираше во Флензбург за време на првото коло од новата сезона во Бундеслигата.
Технички причини се во прашање, екипите беа известени дека нема да можат да се потпрат на видео анализата уште пред мечот. 

Да биде работата полоша, во 17 минута при судир меѓу новиот играч на Флензбург Симон Питлик и холандскиот ас на Хамбург, Дени Бајенс, данскиот играч остана со раскрвавен нос на теренот. Судиите решија да му доделат црвен картон на Бајенс. 
Меѓутоа, подоцна беше утврдено дека се работи за случен судир со главите, а не за намерен фаул. Судиите не ги прифатија протестите од гостите, а видео-анализа немаше. 

Бајенс се пресели на трибини, гостите реагираа, домашните без многу резултатски проблеми дојдоа до победа од 37-32. Германските медиуми, пак, си добија приказна за прераскажување. 



Преземено од Bild 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk