Карабатиќ: Ова е мојата последна сезона!

Никола Карабатиќ, легендарниот француски ракометар кој има балканско потекло објави дека тековната сезона е неговата последна во кариерата. 
Кога оваа сезона ќе заврши, Никола Карабатиќ повеќе нема да го гледаме на теренот. Во април ќе наполни 40 години, а дали ќе биде дел од олимпискиот тим што ќе се обиде да го врати златниот сјај на Французите, ќе видиме. 

Францускиот ас одигра 22 сезони во кои трипати беше олимписки шампион, четири пати светски шампион и три пати европски шампион.
Три пати ја има освојувано Лигата на шампионите, двапати Супер глоуб, еднаш европскиот Супер куп. 
Дури 14 пати бил првак на Франција, четири пати шампион на Германија, двапати првак на Шпанија. 

Долг е списокот на неговите остварувања. Има индивудални награди, дел од ол стар или МВП на сите поголеми натпреварувања. 
Во еден момент беше толку доминантен во играта во однос на сите други играчи, што реално можеме да зборуваме и за најдобар играч на сите времиња. 

„Ги остварив и ги надминав сите мои соништа“, изјави за Л'Екип Никола Карабатиќ во објавата за крајот на кариерата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk