T. Пролет доминантно со Е. Пелистер 2

На првиот натпревар од осмиот меморијален турнир што се игра во Прилеп во чест на некогашниот ирач Миле Нешкоски, се сретнаа екипите на Е. Пелистер 2 и Т. Пролет. 

Тинекс Пролет неочекувано беше доминантен на овој меч на кој особено во првиот дел имаше малку голови. Во 20 минута беше 9-3, а на полувреме 10-5.
Во вториот дел Е. Пелистер и натаму не постигнуваше голови, па на три минути до крајот беше 22-11 во корист на скопскиот тим. 

До крајот на мечот имаше само ден гол, од пенал во последната секунда и конечно, натпреварот заврши со победа на Т. Пролет од 22-12. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk