ВИДЕО: Петмина не можеа да го задржат

Стартуваше најсилната и најбогатата ракометна лига во светот - Бундеслигата. Одиграни се два натпревари на кои Флензбург како домаќин го совлада тимот на Хановер (37-32)
Јоханес Гола постигна 10 гола за Флезнбург, а новите играчи Каи Смитс и Симон Питлик постигнаа девет односно шест гола на првиот официјален меч на фаворитот број еден за титулата оваа година. 

Во Ерланген, домашниот тим беше поразен од Хановер (25-27). Драматично беше, во последната минут беше нерешено 25-25, а гостинскиот состав имаше само уште слободен удар на располагање. Владимир Кулеш беше незадржлив, буквално, за целата екипа на Ерланген. Погледнете го видеото

 

Денеска на терен ќе биде и шампионот Магдебург и тоа на дуел со Вецлар во кој има и двајца Македонци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk