Алкалоид се тестираше со Нексе

НЕКСЕ - АЛКАЛОИД  29-21 (18-10)
Штрлек 7, Кохен 6 - М. Митев 5, Стојков 4

Македонскиот вицепрвак Алкалоид го одигра првиот од четирите планирани натпревари во рамките на мини турнејата во Хрватска.
Првиот противник на Алкалоид беше подновениот и звучно засилен тим на Нексе (Марко Безјак, Мануел Штрлек, Кохен...).
Натпреварот заврши со резултат 29-21 (18-10) во корист на хрватскиот тим. Предност што домашниот состав ја оствари во првиот дел кога по израмнетите минути на стартот (3-3), Алкалоид влезе во серија на грешки, односно голманот на Нексе (Морено Цар) имаше свои добри минути, а Нексе направи серија од 4-0 и стигна до водство кое го одржуваше до финипот на првиот дел, кога одново Алкалоид имаше мал пад во играта што резултираше со висока разлика од 18-10 на полувреме.

Вториот дел беше резултатски израмнет, разликата се движеше меѓу шест и осум гола, за на крајот последните два гола да ги постигнат домашните и мечот да заврши со 29-21.
Алкалоид на оваа средба промаши дури пет седмерци.

Новите имиња, Мануел Штрлек со седум и израелскиот бек Адир Кохен со шест гола беа најефикасни на натпреварот, а голманите Кузмановиќ и Цар имаа комбинирано 15 одбрани.
Во тимот на Алкалоид, Марко Митев со пет гола и Александар Стојков со четири погодоци беа најефикасните ракометари.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk