ЕХФ малку ги „измеша“ коцките со Вардар

Европската ракометна федерација има убава традиција да ги претставува екипите што настапуваат во Европските купови, сега и со посебни профили на социјалните медиуми, каква што е Европската лига на пример. 

Годинава во квалификациите ќе учествува и Вардар, во сабота ќе го видиме на терен во Скопје против екипата на Рајн Некар Ловен.
ЕХФ го претстави скопскиот тим и сѐ ќе беше во ред, ако не им се провлечеше една мала грешка, која пак покажува дека можеби не се сосема во тек со случувањата во Вардар, па под „светлото на рефлекторот се најде Филип Талески, ракометарот на Бенфика. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk