Алкалоид против најдобрите хрватски екипи

Македонскиот вицепрвак Алкалоид по настапот на струшкиот турнир подготовките ги продолжува надвор од Македонија. Алкалод утре заминува за Хрватска каде што ќе одигра четири контролни натпревари со најдобрите хрватски тимови. 

Закажан е дуел со екипата на Нексе (24 август, 17:30 часот), потоа од Нашице, тимот се сели во Загреб каде што ќе игра со единствениот хрватски првак ППД Загреб и со тимот на Сесвете. Против Дибиров, Моралес и Чупиќ, Алкалоид ќе игра на 26 август, ден подоцна ќе игра со Сесвете. 

Мини турнејата завршува на 29 август кога Алкалоид ќе игра со екипата на Добова во Словенија. По ова, четата на Кирил Лазаров се враќа во Македонија. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk