Кил е генералката пред Вардар

Првиот евро-гостин во Македонија, екипата на Рајн Некар Ловен од Германија утре ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона.
РНЛ утре се среќава со Кил во германскиот Супер Куп. Натпреварот ќе се игра во Дизелдорф, пред 15.000 гледачи, а почетокот е закажан за 19:00 часот. 

РНЛ во Скопје ќе го видиме по четири дена, на 26 август во Скопје е закажан првиот дуел од квалификациите за пласман во Европската лига. 

Поврзани вести