Многу лоша вест за Макуц и Барса

Словенечкиот централен бек Домен Макуц се повреди на натпреварот што неговата Барса го одигра со Војводина во рамките на ТВ Турнирот на шампионите во Добој.
По само две минути игра Словенецот незгодно падна, без дуел и уште веднаш стана јасно дека заработил сериозна повреда на коленото.

Беше испратен веднаш назад во Барселона на прегледи, а резултатите го потврдија црното сценарио. Макуц има неколку повреди на коленото, ќе мора на операција и паузата ќе биде меѓу 9 и 12 месеци!

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk