Алкалоид преку АЕК во финалето на Струга 2023

АЛКАЛОИД - АЕК  26:23 (13:15)
Игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Славчо Каланоски
АЛКАЛОИД: Ромеро (7 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 2, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски, Омерагиќ, Бинго 4, Кофилоски, Савревски

Во финалето на турнирот „Струга 2023“ ќе ги видиме екипите на Алкалоид и Вардар. Вечерва двата македонски тима славеа победа над гостите од Шведска, односно Грција. 

Алкалоид минатата година загуби од АЕК во битката за петтото место, но годинава, иако АЕК е значително посилен со неколку нови странци во тимот, Алкалоид беше подобар. 
Особено на отворањето на мечот, за момент блеснаа Трајковски на голот и Младеновиќ во нападот, па Алкалоид поведе и со пет гола разлика (9-4). 
Но, се стабилизираше грчкиот тим, влезе во добар ритам и додека траеја ротациите во Алкалоид успеа да ја анулира негативата и да израмни на 10-10, а потоа и да поведе, во 19 минута. На полувреме Грците имаа два гола предност. 
Битката се разгоре во вториот дел, особено по 40 минута. Алкалоид ја засили ритамот, но неколку промашени зицери и еден седмерец го држеа на дистанца од минус два. 
Потоа на сцена стапи голманот Алехандро Ромеро со серија на одбрани, што овој пат беше и материјализирано во нападот и Алкалоид ја презема контролата врз играта.
Израмни на 21-21, потоа на 23-23 и со серија од 3-0 го реши победникот.  


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk