Е. Пелистер денеска на мегдан со Ал Ахли

Екипата на Е. Пелистер денеска го почнува настапот на 54 турнир во Добој. Прв противник на македонскиот шампион е екипата на Ал Ахли од Египет. 
Натпреварот ќе почне во 19:10 часот, но ТВ пренос од овој меч засега не е најавен. 
Преноси ќе вршат ТВ Арена Спорт 1 и РТРС, но и на двата канала денеска се најавени само натпреварите меѓу Барса и Војводина, односно Целје и ППД Загреб. 

17:20 БАРСЕЛОНА – ВОЈВОДИНА (Арена Спорт 1, РТРС)
19:10 АЛ АХЛИ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21:00 ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ (Арена Спорт 1, РТРС)

Битолчани досега одиграа три контролни натпревари. Победија на дуелите со Е. Пелистер 2 и ГРК Охрид, а загубија од Партизан од Белград. 

„Се спремаме за Ал Ахли. Имаме сериозен противник, но ќе одиграме максимално, ќе дадеме сѐ од себе да ги почнеме овие подготовки со позитивни резултати. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk